Добрата масажа и мануелна терапија не остануваат на површината, не ги изразуваат своите ефекти само на кожата – тие продираат многу подлабоко, изразуваат ефекти и на мускулите, сврзното ткиво, коските, зглобовите, нервниот систем, но и на внатрешните органи. Тоа е природен начин, дар од природата, со кој можеме да си помогнеме.
За добро здравје, за доволно енергија, за доволно позитивна енергија, за заморот и стресот да бидат заборавени, ПОСЕТЕТЕ НЕ!
СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија, кинезитерапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација.
Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме:
Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои:
СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на:
ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, како и на АКАДЕМИЈАТА ЗА МАНУЕЛНА ТЕРАПИЈА ВО Љубљана, но и во многу други центри ширум Европа, пред се Словенија, Хрватска, Италија и Словачка. Денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, во школата ХИГЕЈА како предавач на различни техники, бовнова терапија, хавајска масажа, масажа со вулкански камења, туина масажа, кинезиотејпинг и класична масажа за туина терапевти. На АКАДЕМИЈАТА ЗА МАНУЕЛНА ТЕРАПИЈА во Љубљана предава невромускулни и невроструктурни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.
ПОСЕТЕТЕ НЕ!
СЕ РАДУВАМЕ НА СРЕДБИТЕ СО ВАС!