Bowen-ова терапија е австралиска метода, вид на мануелна терапија, при која терапевтот употребува нежни движења и потези за физичко и енергетско стимулирање на телото. Основа на терапијата се т.н. Бовнови потези, кои терапевтите ги изведуваат на специфични локации на мускулите, тетивите, фасциите и индиректно на нервите. Почетната стимулација, односно дразба, се изведува на површинската фасција, која директно ги пренесува импулсите на останатите регулаторни системи во телото, кои започнуваат трансформациски процеси на моменталните и старите стресни ситуации.
Истражувањата покажале дека оваа терапија има исклучителни ефекти на автономниот нервен систем, делот од нервниот систем кој делува независно од нашата волја. Овој дел од нервниот систем регулира околу 80% од сите функции во нашето тело. Овој систем се состои од два дела, симпатикус и парасимпатикус. Симпатикусот е оној дел кој претежно делува стимулативно, и го подготвува нашето тело на „напнатост, подготвеност, напад и борба“ (адреналинска реакција). Ако животот го живееме со постојана или доминантна активност на овој дел, невозможно е да се постигне рамнотежа. Денешниов начин на живеење, со премногу стрес и напнатост, токму тоа и го предизвикува. Од тука и сета напнатост, нетрпеливост, нервоза, хиперактивност и внатрешен немир кај денешниот човек. Заради тоа мора да биде активен и „инхибиторниот“ дел на автономниот нервен систем, парасимпатикус. Бовновата терапија предизвикува привремена парасимпатичка предоминација над симапикусот, со што се обезбедува можност за рамнотежа, која што нашето тело брзо ја препознава и започнува процес на урамнотежување.
Бовновите потези брзо даваат видно намалување на напнатоста во мускулните влакна и мускулните обвивки. Меѓуклеточната течност во сврзното ткиво дури и со краткотраен и нежен притисок се трансформира од желатинозен во потечен облик и пофлексибилна состојба. Тоа е причина за подобра хидратација на ткивата, подобра лимфна циркулација и размена, одстранување на енергетските блокади и намалување на притисокот врз периферните нерви, што е причина за намалување на болките, намалување на отоците и подобрена подвижност.
Особено е корисна и ефикасна кај трауматските повреди и хроничните заболувања. Особено добри резултати се забележуваат кај состојби со:
1. болки во грбот (сколиоза, остеоартритис, дископатија, ишијас, проблеми со вратот и сл.)
2. акутни и хронични проблеми со меките ткива (смрзнато рамо, тениски или голферски лакт, синдром на карпалниот тунел, миофасцијален синдром...)
3. акутни и хронични спортски повреди
4. разни видови главоболки и мигрени
5. проблеми во дишниот, дигестивниот, репродуктивниот и хормонскиот систем, како комплементарна метода
6. акутен и хроничен замор и стрес
7. проблеми со темпоромандибуларниот зглоб
8. како рехабилитационо средство по операции, долготраечки и исцрпувачки хронични болести
9. бовновата терапија е одлично превентивно средство кај луѓето од сите возрасти
10. колики кај доенчињата (стомачни грчеви кај бебињата)
11. аутизам, АСД, АДХД, Аспергеров синдром, Хиперактивност, Церебрална парализа, односно кај лица со развојни пореметувања
и уште цела низа други заболувања, кај кои се забележани одлични резултати со примената на оваа техника. Бовновата техника се почесто се употребува и за намалување или подобрување на симптомите кај:
1. паркинсонова болест
2. мултипла склероза
3. синдром на хроничен замор
4. миофасцијален синдром и синдром на фибромијалгија
5. и други системски заболувања.
Исто така е можна нејзина примена за детоксикација кај зависници од дроги и алкохол, како и детоксикација и побрзо одстранување на различни хемиски материи и лекови, кои се примаат подолг временски период, особено кај хроничните болни на редовна терапија.
Речиси и да не постојат контраиндикации, кои би ја ограничиле употребата на оваа техника. Бидејќи станува збор за исклучително нежна и ефикасна техника, лесно ја поднесуваат, како возрасните, така и малите деца. Соодветна и многу ефикасна техника е и за бремените жени.
Бовеновата терапија може да се употребува како целосна терапија, кога го обработуваме целото тело или поединечна, делумна, кога се насочуваме само на проблематичниот дел. Целосниот третман трае околу 60 мин., додека пак делумните третмани од 15-30 мин. во зависност од потребите и барањата на странката.
МАСАЖА СО ВУЛКАНСКИ КАМЕЊА
HOT STONE MASSAGE
Масажата со топли вулкански камења е добро позната во целиот свет. Таа е масажа со богата историја и традиција. Природно измазнетите камења со вулканско потекло се употребуваат како помагала во масажата. Нивната топлина овозможува максимално опуштање. Комбинацијата со лековити етерични масла ја забрзува циркулацијата, ги опушта напнатите мускули и тетиви, го подобрува метаболизмот и ја стимулира детоксикацијата.
Топлите, базалтни камења можеме да ги употребиме така што со нив го масираме клиентот, но истовремено и да ги позиционираме на избрани точки од телото (тригер точки, чакри, акупресурни точки итн.). При употреба на геотермалните камења, чија што топлина продира длабоко во телото, се ослободуваат хемиски материи (ендорфини) во телото, кои позитивно влијаат на нашиот организам и расположение. Топлината од камењата ја подобрува циркулацијата, ги размекнува тврдите ткива и напнати мускули, со што се подобрува подвижноста во зглобовите. Главното дејство на оваа масажа е детоксикација на организмот, како и релаксација и опуштање. Ефикасно средство е за ослободување од секојдневната напнатост и стресот.
Масажата представува единствено поврзување со природата. Ни нуди убавина и духовност, на кои многу често забораваме. Станува збор за масажа која ги лекува телото, умот и душата и истовремено не прави свесни за своето битие. Можеме и да ја споредиме со состојбата на духот во длабока медитација. За време на масажата странката има чувство на лебдење, состојба меѓу будност и сон. Масажата со топли вулкански камења е слична на некои масажи, особено на класичната масажа, со таа разлика што масерот освен своите раце ги употребува и топлите камења. Употребата на топлите камења создава чувство на опуштеност и топлина, при што ги загреваме деловите од телото кои ги масираме (мускули и зглобови), но и се подобрува циркулацијата и телото се ослободува од токсините.
Масажата се изведува во соодветно загреан простор и вообичаено трае од 75-90 мин.
Kineziotaping е терапевтска метода без лековити супстанции, која е ефикасна во лекувањето на бројни проблеми, со тоа што ги намалува болките и го скратува периодот на рехабилитација. Методата во светот не е нова, развиена е во 1973 г. од страна на јапонецот Кензо Касе, кој по студирањето на кинезиологија и киропрактика се обидел да создаде техника, која со здружување на двете техники ќе им помага на болните и повредените спортисти. Со постојаното проучување и надополнување на техниката се зголемува спектарот на дијагнози кај кои таа е успешна. Во светски рамки техниката ја употребуваат физиотерапевтите пред се при повредите кај спортистите, но и кај болните на рехабилитација, така што значајно се скратува рехабилитациониот период. Kineziotaping е метода при која што се аплицираат посебни, самолепливи и еластични траки, кои се поставуваат на одредени делови од телото, најчесто на болни или трауматизирани места. Техниката ја подкрепува мускулната функција, истовремено влијаејќи и на други неврофизиолошки и циркулаторни функции. Оттука произлегува нејзината примена при различни видови проблеми и болести, која не е ограничена само на проблеми со мускулите и зглобовите. Многупати е успешно решение за различни комплицирани ситуации и го забрзува и скратува рехабилитациониот период кај многу заболувања. Најважните моменти на нејзиното делување се:
Kineziotaping е техника за „бандажирање на мускулните и сврзните влакна“ со помош на еластични самолепливи траки, заради што можеме да речеме дека станува збор за „ФУНКЦИОНАЛНО БАНДАЖИРАЊЕ“.Траките се тенки, со дебелина приближна на човечката кожа. Направени се од 100% памук на кој е нанесен 100% полиакрил, кој е нанесен брановидно, слично на градбата на колагенот во сврзното ткиво (фасција, лигаменти). Не содржат никакви лековити супстанции, туку делуваат само со своето физиолошко дејство. Изработени се во различни бои, од каде произлегува нивната комбинација со колор терапијата, но мораме да нагласиме дека најважно е нивното правилно аплицирање. Најважни индикации за оваа техника се:
Техниката може да се аплицира на речиси секој дел од телото и на повеќе делови одеднаш. Апликацијата не го попречува секојдневното функционирање и туширање на клиентите, бидејќи се еластични, лесно прилагодливи на телесната структура и водоотпорни.
КЛАСИЧНА МАСАЖА
ШВЕДСКА МАСАЖА
Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Бидејќи за масажата употребуваме масла со висок квалитет, ефектот на кожата е исто така и козметичен. Најдобри се растителните масла збогатени со етерични масла, во зависност од потребите и проблемите на странките. Вредноста на масажата ја зголемува и непосредниот човечки допир. Влијае на човечкиот организам така што: ја подобрува циркулацијата на крвта, ги опушта мускулите, ги стимулира варењето на храната и перисталтиката, а со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира и излачувањето на токсините.
Класичната масажа е благопријатна за кожата, но истовремено влијае и на внатрешните органи. Телото целосно се опушта, заборава на секојдневните стресови, а поволно влијае и на депресијата и анксиозноста, што ја прави да биде уште поценета.
Редовната масажа е корисна и за подобрување на имунитетот. Телото се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Кај странките кои доаѓаат со најразлични проблеми, многупати класичната масажа ја комбинираме со ароматерапија, топли вулкански камења, глина и сл., што особено влијае на ублажување на тегобите. Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот.
Класична или Шведска масажа е масажа која предизвикува пријатно чувство и го подобрува здравјето. Редовна употреба на масажата им користи на сите возрасти, од малите деца до повозрасните лица.
КУРС ПО КЛАСИЧНА МАСАЖА
ШВЕДСКА МАСАЖА
Класична или Шведска масажа е масажа на целото тело која предизвикува пријатно чувство и го подобрува здравјето на луѓето. Станува збор за техника, која секој може да ја научи и совлада, бидејќи е нешто што речиси сите спонтано го правиме. Една од предностите на масажата е тоа што подеднакво е пријатно да ја даваме, како и да ја примаме. Масажата психофизично го релаксира човекот.
Масажата е најстар и наједноставен начин на лекување, кој се применува повеќе илјади години, како богато искуство и традиција кое се пренесувало од генерација на генерација. И кај старите култури и цивилизации, особено источните, се верувало дека редовната масажа им помага и користи на луѓето од сите возрасти. Денес тоа е се понагласено и поактуелно бидејќи е поткрепено и со докази, кои масажата ја дефинираат како надворешна механичка терапија на кожата, од каде сите нејзини дејства преку рецепторите се пренесуваат длабоко во подлабоките ткива и органи.
Масажата води потекло уште од настанувањето на човекот, која денес прераснала во научно поткрепена мануелна терапија, разделена на најразлични видови масажни техники кои во основа темелат на традиционалните начини на лекување. Таа е основно орудие на мануелните терапевти, физиотерапевти, кинезитерапевти, киропрактичари, остеопати и сл.
Основач на класичната масажа е HENRIK LING (1776-1839), швеѓанец, заради што се нарекува и ШВЕДСКА МАСАЖА, израз кој за многумина масери и терапевти е поправилен. Класичната масажа истовремено е и основа за надградба и употреба на останати видови масажи, како што се:
Класичната масажа ги опфаќа масажните техники:
Класичната масажа е систематична, но едноставна, заради што можеме брзо да ја совладаме и научиме. Соодветна е и за почетници, но и е основа за вашата надградба на подрачјето на масажните техники и мануелно-терапевтскитехники.
Курсот за класична масажа опфаќа едукација од 60 школски часа кои се одржуваат во десет модули. Еден модул опфаќа еден ден, шест школски часа.Модулите предавања се одржуваат за време на викенди, сабота и/или недела. Датумите за предавањата и бројот на присутни се однапред одредени.
На курсот дојдете во удобна и лесна облека. Со себе понесете папучи, чаршав, две крпи(поголема и помала), тетратка, пенкало и ужинка. За време на паузите ние ве послужуваме со чај, кафе, сок и овошје. За полесно совладување на материјата секој учесник добива и скрипта, која ќе му помогне во учењето и повторувањето на материјалот. Скриптата е изработена за потребите на нашето студио и е за интерна употреба. Масите(креветите) за масирање, маслото за масажа, како и сите помошни средства кои ги употребуваме за потребите на курсот, ги обезбедуваме ние.
Курсот-едукацијата опфаќа теоретичен и практичен дел.
ТЕОРИЈА 20%
-вовед
-историја на класичната масажа
-номенклатура
-основни масажни техники
-основна анатомска градба на телото
-подготовки за масажа
-хигиена и хигиенски мерки
-евиденција и документација
-комуникација и етика
ПРАКТИЧНА РАБОТА 80%
- Изведување на масажата
- масажа на задна страна на ногата
- масажа на предна страна на ногата
- масажа на рака
- масажа на граден кош
- масажа на стомак
- масажа на грбот
- делумна масажа и масажа на целото тело
Учесниците меѓусебно се изменуваат така што секој учесник масира и е масиран.
На крајот на курсот добивате сертификат-диплома за добиеното знаење на курсот. Сите учесници кои ке се здобијат со сертификат, се евидентирани во регистер на масери кој го водиме во нашето студио.
На учесниците кои веќе присуствувале на некоја од нашите едукации, им се пресметува дополнителен попуст. Доколку се одлучите да го посетите нашиот курс, Ве молиме уредно да ја исполните пријавата за учество, да ја испратите по пошта или во електронска форма и да ја уплатите сумата за пријава на курсот. Остатокот од средствата мора да се доплати до крајот на курсот. БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН!
Предавачи: Дејан Ѓоргиевски - мануелен терапевт, туинолог, терапевт за бовенова терапија, НПК масер, рефлексотерапевт.
Марјан Прошев – физиотерапевт
Александар Ристески - масер
Дополнителни информации можете да добиете на телефон или e-mail.
СЕ РАДУВАМЕ НА СРЕДБИТЕ СО ВАС!
РЕФЛЕКСНА МАСАЖА НА СТАПАЛАТА И ДЛАНКИТЕ
Рефлексотерапијата е облик на масажа, каде што со притискање и масирање на рефлексните зони на стапалата и дланките, влијаеме на опуштањето и рамнотежата на целиот организам. Рефлексотерапијата е енергетска масажа, која што темели на сознанието, дека секој дел од телото се рефлектира на точно одредена точка на стапалата и со притискање на тие рефлексни точки овозможува опуштање и урамнотежување на целото тело.
Нашите стапала се одраз на нас самите и нашата внатрешна состојба. Како двоножни суштества со стапалата сме во контакт со земјата и нејзината енергија, и како дрво со своите корења, разменуваме енергија со земјата. За непречен проток на енергијата потребен е добар контакт со подлогата, за што се неопходни здрави и негувани стапала.
Животната енергија-Qi, непрекинато се движи низ каналите, наречени меридијани, кои пак завршуваат во или околу рефлексните зони на стапалата и дланките. Кога протокот на енергија е непречен, ние сме здрави, кога пак е блокиран заради напнатост или застој, ние се разболуваме. Со рефлексната масажа на стапалата ние повторно ја враќаме рамнотежата во енергетскиот проток низ телото.
Рефлексната масажа на стапалата е техника на природно лекување и опуштање на психофизичкото тело, истовремено стимулирајќи ги циркулацијата и ендокрините жлезди. Рефлексно-зонската масажа е посебен облик на масажа, при која употребуваме различни масажни техники и притискања на точно одредени подрачја на стапалата - т.н. рефлексни зони за точно одредени органи, органски системи или делови од телото. На тој начин се предизвикува реакција на органот или органскиот систем кој припаѓа на таа зона. Со рефлексотерапијата се ослободуваме од напнатоста, болките или други промени и недостатоци на одредена зона. Сето ова ја прави терапевтска метода, при која стимулирајќи ги рефлексните зони покренуваме рефлекси кои преку нервните структури, електричните и хемиските процеси, активираат механизми во телото за самооздравување.
Рефлексната масажа на стапалата се препорачува како превентивна метода за одржување на здравјето, како терапевтска техника пак помага при следниве тегоби:
Рефлексната масажа на стапалата е ефикасна и едноставна техника, која речиси и да нема несакани ефекти, заради што е корисна за сите, неизоставајќи ги и децата, возрасните лица, лицата со инвалидитет... Нејзината предност е во тоа што ни нуди самозаштита. Популарноста на рефлексната масажа на стапалата не треба да не изненадува, бидејќи станува збор за чудесен подарок на природата.
Така мало стапало - така голема исцелителна моќ!
КИНЕСКА МЕДИЦИНСКА МАСАЖА
Туи-на е кинеска медицинска масажа и е значаен дел од традиционалната кинеска медицина(ТКМ). Се заснова на филозовскиот концепт на ТКМ за животот и здравјето, кој темели на теориите за Јин и Јанг, теоријата на петте елементи, животната енергија-Qi и меридијаните, каналите по кои таа циркулира.
Делува на целиот организам, како рехабилитирачки така и превентивно. Делува на имуниот систем, ефикасна е при напнатост и болки во мускулите и зглобовите, а пред се се употребува при хронични болки и состојби како што се: главоболка, мигрена, несоница, замор, стрес, проблеми со системот за варење, ладни нозе, задржување на вода во организмот, болки во крстот, проблеми со ’рбетот, менструални и уринарни проблеми, мускулна напнатост и грчеви, хипертензија, хипотензија и друго. Ефикасна е како површински на кожата, така и длабински на мускулите, тетивите, лигаментите и внатрешните органи. Основната терапевтска ориентација е кон воспоставување на слободен проток на енергијата(Qi) низ енергетските канали-меридијани.
Со туи-на масажата мануелно влијаеме да се подобри енергетскиот проток, односно да се одстранат блокадите настанати заради влијанието на најразличните патогени фактори во секојдневниот живот, како што се:
Туи-на е пред се начин за повторно воспоставување на нарушената рамнотежа во телото, секогаш кога тоа е потребно. Масажата го подобрува протокот на енергија, кој е блокиран заради влијанието на патогените фактори, и на тој начин ги подобрува здравјето и виталноста. Изворната, оригиналната кинеска масажа се изведува на облечен пациент, на западните простори пак, таа е адаптирана како масажа со масла, заради воспоставување непосреден контакт со кожата на пациентот.
Се употребуваат цврсти и одлучни масажни техники и манипулации, од енергична природа, кои влијаат релаксирачки. Масажата пред се е пријатно доживување кое го ослободува човекот од болката, проблемите, напнатоста и стресот. Многупати ја комбинираме со најразлични техники и помагала (артикулаторни техники-манипулации, акупресура, гуа-ша, вентузи, мокси, топли камења, креми, билни/хербални снопчиња), се со цел да се зголемат и нагласат нејзините ефекти.
Ви нудиме делумна туи-на масажа (‘рбет, нозе, раце, рамо, врат, глава и др.), како и масажа на целото тело, која трае од 60-90 мин.
LOMI LOMI
Тоа е уникатна, течно поврзана, ритмична и динамична масажа на целото тело, кое истовремено се третира од главата до стапалата. Многу е релаксирачка, брзо ја одстранува напнатоста, ги регенерира животната енергија и доброто расположение. Таа е автентична хавајска масажна техника, која ја употребувале хавајските шамани. Со хавајската масажа допираме до јадрото на човечкото тело, го будиме „духот на Алоха“ се со цел човекот да се отвори кон природата и да ја поврати врската со надворешниот свет. Целтта е човекот максимално да се отвори и на тој начин да стане чувствителен за восприемање на надворешниот свет и случувањата во него. Духот на алоха е основа во филозофијата на хавајската масажа, која темели на принципите од ХУНА филозофијата, а станува збор за стил и начин на живеење.
Основната придобивка од хавајската масажа е намалување на напнатоста, зголемување на виталноста и енергијата, подобрување на здравјето и чувството на среќа. Станува збор за:
Масирајќи, со поголеми количини на масло и употребувајќи ги дланките, подлактиците и лактите, масажата постигнува рамнотежа на физичко, ментално, духовно и емоционално ниво. Масажата има симболика на водата и ги симболизира морските бранови, а телото на масираниот го симболизира морскиот брег, па затоа ќе речеме „на спојот од морето и брегот се случува ломи ломи“.
Најчесто се применува при состојби на:
Бидејќи во голема мера го активира парасимпатичниот дел на автономниот нервен систем, големо влијание и ефект има и врз одредени состојби на внатрешните органи.
Препорака е третманот да се изведува како масажа на целото тело, која вообичаено трае од 60-75 мин. Масажата е идеален начин за опуштање, препородување, но и како одличен подарок за нашите сакани.